Во Македонија денеска ќе биде претежно сончево, наутро свежо, преку денот потопло. Ќе дува слаб северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 20 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со температура од четири до 24 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со постудени утра, а дневните температури ќе бидат во пораст. Во сабота повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура благо ќе опадне, но од недела повторно ќе биде во пораст. Во почетокот на наредната работна седмица се очекуваат и натпросечни дневни температури за овој период од годината.

Извор: КУРИР

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа