Vip

Во текот на изминатите два дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле вкупно 16 сообраќајни незгоди. Во две од нив потешко биле повредени две лица, во девет со полесни повреди се здобиле 14 лица, а пет сообраќајки поминале само со материјална штета.

Како што информира МВР, во вторникот сообраќајната полиција извршила увид на седум сообраќајни незгоди, од кои во една потешко било повредено едно лице, во четири полесно биле повредени четири лица, а две поминале само со материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден бил извршен увид во девет сообраќајни незгоди. Во една од нив едно лице било потешко повредено, а во девет со полесни повреди се здобиле 10 лица. Во пет била причинета материјална штета.

Викендов полицијата открила и санкционирала девет возачи кои биле исклучени од сообраќај, од кои двајца поради управување на возилото под дејство на алкохол и седум кои го возеле возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај биле и седум лица кои го управувале возилото со истечена сообраќајна дозвола. Санкционирани биле и четворица возачи поради неправилно престојување и тројца возачи за неправилно престигнување. Биле затекнати и 42 непрописно паркирани возила.

Од МВР информираат и дека со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 43 возила.

Извор: КУРИР

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila