Vip

На 11.10.2017 година во 16:30 часот во полициската станица-Тетово, А.С. (29), пријавил дека на 10.10.2017 година околу 20:15 часот на ул.„Љуботенска“ во Тетово, застанало возило во кое биле лицата Џ.С., Б.И. и С.Н од Тетово.

Притоа, Џ.С. почнал да му упатува разни пцовки кон него, по што излегол од возилото и физички го нападнал удирајќи го А.С. со глава во пределот на носот, по што тој паднал на плочникот.

Во тој момент и Б.И. и С.Н. физички го нападнале удирајќи го со нозе во пределот на главата и телото.

А.С од нападот се здобил со видлива повреда во пределот на лицето. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Извор: КУРИР

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila