СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.П. (33), Т.П. (31) и А.Б. (31), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.

Како што информираат од МВР, пријавените на 12.05.2017 година околу 13:00 часот биле на ул. „Борис Трајковски“. Т.П. насилно ја внел оштетената во возило во кое биле Б.П. и А.Б.

Додека мајката на оштетената се обидувала да ги убеди пријавените да ја ослободат, А.Б. и напоменал дека е инспектор од МВР и дека нејзината ќерка мора да оди со нив.

Потоа, пријавените во хотел во близина на Водно ја држеле оштетената до полноќ, а потоа Б.П. со мотоцикл ја однел во близина на нејзиниот дом.

Извор: КУРИР

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа