Грозоморен чин се случил вчера во скопско. Брат си ја силувал сестрата, а потоа се заканувал дека ќе ја убие.

-На 17.10.2017 година во 13:30 часот во полициска станица П.Н. (26) од село во скопско, пријавила дека околу пладне на 16.10.2017 година, додека била сама во куќата, одзади и пришол нејзиниот брат Р.Н. (27), со рака и ја затворил устата, ја соблекол и ја силувал, информираат од МВР.

По грозоморниот чин тој и се заканил дека ќе ја убие ако каже на некого. Во вечерните часови настанало расправија помеѓу пријавителката, брат и и нивната мајка.

По расправијата брат и физички ја нападнал, а потоа земал нож и и нанел расекотина на прстите од раката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: КУРИР

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа