Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по извршеното вештачење утврдено е дека Е.И. (57) од Арачиново кој вчера беше приведен во близина на Врховниот суд, носел пиротехнички средства (петарди).

– Тој бил приведен затоа што кај него биле пронајдени прачки што наликуваат на експлозивна направа. По вештачењето констатирано е дека се работи за пиротехнички средства (петарди), а исто така утврдено е, со графолошко вештачење, дека тој е автор на анонимно писмо со заканувачка содржина, стои во полицискиот билтен

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против Е.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: КУРИР

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа