Мерните инструменти на Министерството за животна средина синоќа покажаа големо загадување на воздухот во Скопје.

Во Центар во 19 часот синоќа концентрацијата во воздухот со ПМ10 честичките беше 178 микрограми на еден кубен метар воздух (50 микрограми е граничната вредност). Во Карпош беше 312, во Лисиче 359. Два или три пати повеќе од граничните вредности има и од суспендираните честички ПМ2,5.

Утрово мерењата покажуваат дека ниско загаден е воздухот во Лисиче и кај Ректоратот во Скопје, како и во Кочани.

Иако на почеток од грејната сезона, загаденоста на амбиенаталниот воздух во Скопје секој ден расте.

Извор: КУРИР

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа