Убиството на 28-годишниот Мартин Јанушев ја потресе цела Македонија. Убијците се уште се на слобода, а граѓаните во страв.

Јанушев синоќа со неколку истрели во главата беше убиен пред кафулето „Ред кафе“ во Аеродром. Му пришле пред влезот од неговата зграда, го застрелале и веднаш побегнале оставајќи го пиштолот зад себе. 4 до 5 куршуми завршиле во главата и во вратот на 28 годишното момче.

Мартин е роден на 28.07.1989 во Скопје. Последен пат има играно за Локомотива, а претходно во Маџари Солидарност и 11 Октомври.

Тој бил донесен на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“-Скопје, без знаци на живот.

Полицијата се уште нема никого приведено за убиството.

Извор: КУРИР

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа