Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа во која утрово учествувале четири автомобили на патот Битола- Прилеп. Рено Твинго, Шкода со битолски регистерски таблици, мерцедес со скопски таблици и камион МАН, со велешки регистерски таблици сите учествувале во несреќата.

Во сообраќајката загинал 19-годишниот Т.Ѓ. од Битола, потврдил за локалниот портал „Шеталиште“ портпаролот на СВР Битола, Лефтерија Миленковска.

Во сообраќајката изгорел мерцедесот, а имало и уште неколкумина повредени лица.

Извор: КУРИР

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа