Две лица се повредени, од кои една жена тешко, во сообраќајна несреќа која вчера во 21.40 часот се случила на улицата „Ресенска“ во Скопје.

Во сообраќајна незгода учествувале возило „Смарт“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Т. и возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ш.М.(22) од с.Арачиново.

-Во незгодата М.Т. се здобила со тешки телесни повреди констатирани од лекар од Градска општа болница „8-ми Септември“, истата е во животна опасност, а додека Ш.М. се здобил со телесни повреди и е задржан на лекување, информираат од полицијата.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје.

Извор: КУРИР

Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа