Машко лице со повреди на главата од кои обилно крварел бил пронајден вчера утрото околу 9 часот на булеварот „Борис Трајковски“. Случајот во полиција го пријавил граѓанин кој го забележал лицето.

-Констатирано е дека се работи за Т.С. (30) село Долно Соње-Скопје кај кого се констатирани тешки телесни повреди (скршеница на череп) и бил пренесен во Ургентен центар-Мајка Тереза за укажување на лекарска помош. По кажување на повредениот, повредите ги здобил од брат му кој го удрил со тапиот дел од секирата, информираат од полицијата.

Предметот е пронајден во нивната семејна куќа. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Извор: КУРИР

Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа