На улица „Беличица“ во Гостивар вчера околу 16 часот и 40 минути, се случила сообраќајна несреќа со учество на патничко возило „Рено меган“ со гостиварски таблици, управувано од 56-годишниот гостиварец М.С. и велосипед што го управувал 61-годишниот Б.Ф. од околната населба Питарница.

-Во несреќата, велосипедистот задобил телесни повреди, со медицинско возило пренесен е и задржан во гостиварската болница за натамошно лекување. По извршениот увид се утврдува причината за несреќата, околностите и се друго.Првично, причина е неприлагодена брзина, додека вкупната материјална штета се проценува на 20 илјади денари, информираат од СВР Тетово.

Извор: КУРИР

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа