Пожар кој избувнал утринава околу 11 часот и 20 минути во Ресен на улица „11. Септември“ целосно пеплоса една куќа, а делумно ја зафати соседната. Во пожарот нема повредени лица.

Очевидци за ТВ Орбис раскажуваат за големиот пожар кој ги остави без покрив над глава две семејства од Ресен.

По дојавата за пожар во Територијалната противпожарна единица во Ресен веднаш било излезено на терен и започнала акцијата за првично локализирање на пожарот, со цел тој да не ги зафати соседните куќи. Но силниот ветер правел проблеми во гасењето, па помош била побарана и од Територијалната противпожарна единица во Битола, јавува телевизијата.

Пожарот целосно ја пеплосал едната куќа од каде што започнал, а се проширил и на соседната куќа на која изгорен е само кровот.

Извор: КУРИР

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа