Вчеравечер две лица упаднале во угорстителски објект во дебар маало и го претепале 59- годишниот сопственик . Еден од тепачите пријавил дека веднаш потоа бил претепан.

Oколу 21:20 часот во СВР-Скопје, М.В.(59) пријавил дека истиот ден околу 20:30 часот во угостителски објект во Дебар Маало, кој бил негова сопственост, дошлe Љ.С.(33) и Д.С.(23) и физички го нападнале удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа почналe да му упатуваат закани.

-Во еден момент Д.С. почнал да го удира со електро шок и да му пушта струја, нанесувајќи му видливи повреди во вид на црвенило во пределот на целото тело. Истовремено, според пријавата, напаѓачите почнале да кршат чаши и шишиња, како и дел од инвентарот во локалот во присуство на гости.
Причина за физичкиот напад било несогласување околу плаќање сметка во локалот. Се работи на расчистување на случајот. Поврзано со ова, во исто време, Љ.С.(33) пријавил во СВР Скопје дека истиот ден околу 20:45 часот пред угостителскиот објект во Дебар Маало бил физички нападнат од страна на Р.М.(29) и А.А.(35), кои го удирале со клоци и тупаници во пределот на главата, информираат од МВР.

Причина за физичкиот напад бил претходниот настан што се случил во локалот помеѓу Љ.С. и М.В.

Се работи на расчистување на случајот.

Извор: КУРИР

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа