Во 21,00 часот вчера во полиција било пријавено дека во Скопје на улицата „Борис Сарафов“ во колонијална продавница, четири непознати лица извршиле разбојништво врз вработената.

На жената ѝ нанеле телесна повреда, па и земале неутврдена сум пари од дневниот промет, пренесе полицијата.

Од страна на екипа од Итна медицинска помош вработената била пренесена во Градската општа болница“8-ми Септември“, за укажување лекарска помош.

Од страна на СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Извор: КУРИР

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа