Vip
Ненад Божовиќ (17) од чачанското село Прељина почнинал минатата недела поради труење со алкохол.Имал неверојатни 5.53 промили алкохол во крвта - покажуваат резултатите од обдукцијата.

nenad-1

Истражниот судија - Бранко Миловановиќ официјално потврдил дека причина за смртта на момчето е труење со алкохол.

„Вештакот од одделот за патологија ме извести дека момче со таква конституција и години погубно е да има повеќе од 1.5 промили алкохол во крв“ - изјавува Миловановиќ. Директорката на Специјалната болница за зависности - Јасна Дараган Савелиќ објаснила дека 5 промили се смртоносна доза дури и за возрасен организам. Притоа таа констатира дека Ненад испил најмалку литар алкохол.

Толеранцијата на алкохол кај секого е индивидуална. Интолеранцијата кај седумнаесетгодишник е многу помала, момчето сигурно испило многу повеќе од 2-3 чашки. - изјавува за Press Савелиќ.

nenad-2

Несреќата се случила минатиот викенд. Ненад со пријателите во сабота правел журка во својот дом. По огромната количина на алкохол што ја испил, другарите помислиле дека спиел. Во еден момент, приметиле дека престанал да дише и дека му помодреле усните.

Сфатиле дека нешто не е во ред и повикале некој повозрасен комшија, а потоа и таткото на Ненад - кои го превезле до Итната помош во Чачак. Предоцна било - кога пристигнале во ургентниот центар, Ненад веќе не давал знаци на живот.

фото: press
Е.П | бркај работа

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila