По извршениот увид од страна на полицијата, констатирано е дека убиството било направено пред околу пет месеци.
Противпожарната екипа го пронашла телото под скалите „загипсирано“ со неколку килограми пур пена.
Периодот кога жената го сторила убиството, на своите соседи им кажала дека треба да го земе синот, кој и е од првиот брак и да го носи во Италија каде тренира фудбал.
Нивниот сосед за српските медиуми изјавил:
-Беа повлечено семејство и никогаш ништо посебно не сме разговарале со нив. Во приземјето живеше и таткото на Бране кој почина, додека Бране и Радица живеа на спратот. Не можеме да веруваме дека ваков страшен злочин се случил во нашето соседство.
По шокантната вест, на местото пристигнал и братот на убиениот. Увидот траел до доцна вечерта.
Извор: курир
