Нов земјотрес со интензитет од 4,8 степени по Рихтер денеска го погоди реонот меѓу грчките острови Крит и Санторини.

zemjotres.jpg500

Епицентарот се наоѓал на иста локација како и претходните потреси во изминатите неколку дена.

Според институтот за геодинамика во Атина земјотресот бил на 240 километри југоисточно од Атина. Епицентарот е локализиран во морето на 50 километри југозападно од островот Санторини.

Нема информации за повредени и предизвикана материјална штета, но жителите од островот Крит се вознемирени од актуелната сеизмичка активност во регионот по двата земјотреси со јачина од 5,3 и 5,2 степени по Рихтер регистрирани во изминатите два дена, заедно со десетина други вторични потреси.

Извор: Курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа