gototop

Воведување на македонски јазик во бугарското образование. Ова е само една од препораките на меѓународниот независен експерт на ОН, Рита Ајзак.

ОН: Да се воведе македонски јазик во бугарските училишта

Таа посочи и дека на македонското малцинство во Бугарија треба да му се даде право на самоопределување, а да се регистрираат и партиите на малцинствата.

Македонците во Бугарија ја поддржаа и поздравија ваквата одлука. Тие добија поддршка од австралиско-македонскиот комитет за човекови права и македонското движење за човекови права, кои побараа од бугарската влада да ги спроведе препораките од извештајот без одложување.

Ајзак доследно на пресудите на Европскиот суд на човекови права побара незаобиколно извршување и неодложна регистрација на партиите на малцинствата, како и воведување на мајчиниот јазик во бугарското образование, особено во регионите со голем процент популација што се смета за малцинство: Роми, турски муслимани и Македонци.

„Бугарија ја прекршува Конвенцијата за човековите права, одбивајќи регистрација на здружението ОМО Илинден, што го попречува одржувањето на нивните собири“, стои во одлуката на Европскиот суд за човекови права од месец октомври.

Извор: курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа