
Според пишувањата на приштинскиот весник „Експрес“ македонското знаме било запалено како одмазда на навивачките песни што ги пееле македонските навивачи за време на Европското првенство во ракомет што се одржа во Србија.
За време на целиот натпревар, како што пренесува весникот, навивачите од трибините пееле антимакедонски песни, а постојано биле истакнувани транспаренти со навредлива содржина.
Ситуацијата кулминирала кога навиачите го запалиле македонското знаме, по што натпреварот бил прекинат неколку минути.
Натпреварот е дел од турнирот во рамките на прославата на четиригодишнината од прогласувањето на независноста на Косово.
Извор: курир
