По договорот, вредноста на еврото се зголеми за 0,7 отсто достигнувајќи 1.328 спрема доларот.
Дипломат од ЕУ изјави дека деталите за договорот се прецизираат. Се очекува тоа да биде намалување на грчкиот долг до 120,5 отсто БДП до 2020 година, што е речиси максимумот од ММФ и државите од еврозоната.
Договорот исто така треба да даде зелено светло за намалување на долгот на приватните инвеститори кои се очекува да имаат загуби од грчките обврници.
Грција во пролетта во 2010 година го доби првиот пакет помош од ЕУ и ММФ од 110 милијарди евра. Владата во Атина минатата недела прифати нови мерки за штедење што претставуваа услов за вториот пакет помош од 130 милијарди евра.
Извор: курир
