Vip

Грчкиот премиер Андонис Самарас доцна синоќа замина во тридневна посета на САД, во чии рамки во четврток ќе се сретне и со американскиот претседател Барак Обама.

500obama-samaras-630x369

Самарас прво во Њујорк ќе се сретне со американски бизнисмени со грчко потекло, а по средбата со Обама во Вашингтон, повторно ќе се врати во Њујорк каде ќе има одвоени средби со градоначалникот Мајкл Блумберг, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и претседателот на Американскиот еврејски комитет Дејвид Харис.

Грчки дипломатски извори претходно открија дека на седбата Самарас-Обама, меѓу другото, ќе се разговара и за текот на преговорите за решавање на прашањето за името кои се водат со посредство на Метју Нимиц.

Весникот „То Вима“, повикувајќи се на релевантни извори, пишуваше дека состанокот „ќе се одржи неколку недели пред отворањето на сериозните национални прашања во врска со Кипар и името на Скопје“.

Провладиниот „Катимерини“ во текстот за средбата на грчкиот премиер со американскиот претседател потсети дека „Вашингтон е подготвен да се активира за решавање на кипарскиот проблем и прашањето за името“ на Македонија, Весникот „Парон“, пак, напиша дека Обама ќе изврши голем притисок врз Самарас.

„Пораките кои пристигнуваат од преку Атлантикот се јасни и не многу оптимистични... Вашингтон сака ова прашање да се реши што е можно побргу, доколку е можно и до крајот на 2013 година и на состанокот на 8 август Обама ќе бара да се прецизира“, напиша грчкиот весник.

Извор: Курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila