Двајца припадници на војската на Србија загинаа во страотна сообраќајна несреќа што се случи синоќа во 22.40 часот на автопатот Белград- Ниш, кај селото Дражавац.

До несреќата дошло кога шлепер со белградски регистарски таблички, кој се движел од правец на Белград кон Ниш, удрил во две транспортни возила „пух“ кои биле паркирани во лентата за запирање.

-Војската запрела зошто на еден од возачите му се чинело дека нешто не е во ред со еден од камионите. Возачите излегле пред возилото кога на нив налетал камион и ги усмртил двајцата. За среќа никој друг не загинал зошто „пуховите“ биле полни со војска, изјавил еден од очевидците на трагедијата.

Како што дознаваат медиумите, загинатите лица се припадници на воената полиција кои припаѓаат од единицата од Ниш. На самото место дошол обвинител од Алексинац и полицијата која извршила увид.

Причините за несреќата се утврдуваат. Она што до сега се знае е дека од засега неутврдени причини, камионџијата не ја забележал војската иако тие при запирањето вклучиле ротациони светла.

Извор: КУРИР

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа