Vip

Рускиот шеф на дипломатијата, по острите пораки од САД, потсетил дека исто такво уценување доживеале и Украинците пред избивањето на револуцијата.

Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија, вчера изјавил дека САД продолжуваат да и вршат притисок на Србија да избере меѓу ЕУ и Русија, и дека исти такви пораки добивала и Украина пред да избие војната во таа земја - пишува српски Kurir.  Овие негови зборови, сметаат соговорниците на српскиот портал, треба да се сфатат сериозно бидејќи претставуваат предупредување дека и на Србија би можело да и се случи украинско сценарио.

Лавров во разговорот за Sputnik навел дека изјавата на заменик државниот секретар на САД, Брајан Хојт Ји - Србија да направи избор во надворешната политика, но и Америка да го поддржува патот на Србија во ЕУ - е мешање во внатрешните прашања на една земја.

- Неодамна во Србија престојуваше заменик државниот секретар на САД, Брајан Хојт Ји, кој рече дека Белград мора да направи избор - или ЕУ, или Русија, и дека е невозможно да има пријателски односи со двете страни, како и тоа дека Америка го поддржува европскиот пат на Србија. Зарем тоа не е мешање во внатрешните прашања на една земја", се запрашал Лавров и потсетил дека слични изјави пристигнувале од ЕУ за Украина, кога во Киев се одвивал првиот Мајдан.

- Тогаш на Украина и беше кажано да направи избор - или Русија, или Европа. 

Хојт Ји при посетата на Белград го критикувал балансирањето на Србија меѓу Русија и ЕУ, и порачал дека Србија не може да седи на две столчиња, посебно ако се толку далеку. Оваа закана, како и прогнозата на Сергеј Лавров, се сериозно предупредување за властите во Србија, тврдат политичките аналитичари, пишува Kurir.

Живадин Јовановиќ, поранешен шеф на дипломатијата на Србија, вели дека со оваа порака Лавров ја алармирал владејачката гарнитура.

- Лавров пратил предупредување, го свртел вниманието на српските власти на опасноста од мешањето на странски претставници во внатрешните односи на Србија. Мислам дека тоа што го кажа има основа. Треба да се замислиме - вели Јовановиќ.

Според зборовите на Бранко Радун, Русија се обидува да контрира на американското мешање во случувањата на Балканот, но прашање е колку Вашингтон го интересираат зборовите на Лавров.

- Русите изгледа знаат нешто за американските планови во Србија. Еве, Македонија е најсвеж пример - рекол тој.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila