Српскиот милионер Милан Беко, еден од најбогатите Срби воопшто, преживеа атентат откако во него беше пукано во близина на неговата куќа. Едно од осомничените лица кои беа под истрага за организација и извршување на атентатот е Маја Адровац, убавата белграѓанка која ја сметаат за опасен лик, дел од белградското подземје. Изгледа ли навистина така?

Во истрагата за обидот за убиство на Бека, кој беше сериозно повреден во ноември 2014-та година пред неговата куќа на Сењак, Маја Адровац беше уапсена осум месеци подоцна, како првоосомничена.

Главниот доказ за нејзиното апсење е нејзината ДНК трага, пронајдена на оружјето и куршумите истрелани на местото на злосторството. Таа беше во притвор до април 2016-та година, кога беше ослободена да се брани од слобода со задолжителен електронски надзор, за подоцна во јули 2016-та година да биде ослободена од обвинението со одлука на Високиот суд заради “недостиг на докази”.

Милан Беко, никогаш не бил член на ниту една партија, иако бил бизнисмен кој имал добри односи со Милошевиќ и стигнал до позиција министер во владите на СПС, ЈУЛ и НД. Учествувал во неколку крупни приватизации на српски фирми – речиси сите српски млекарници, Књаз Милош, Пристаништето Белград, Вечерње новости и Ц Маркет. Не е миленик на новата власт на Вучиќ, напротив.

Името на Милан Беко неодамна се споменуваше и како еден од најголемите должници за данок во Србија. Тој се најде на т.н. „црна листа” на српската Даночна управа како сопственик на белградското пристаниште, со даночен долг од речиси една милијарда динари (околу 8,3 милиони евра).

Кога на 14-ти ноември 2014-та година беше застрелан од заседа пред својот дом во Белград се појавија неколку тези за причините, а повеќето од нив имаа политичка заднина. Особено затоа што првоосомничениот за атентатот, Александар Здравковиќ, неформален сопруг на спомнатата и заедно со него осомничена Маја Адровац, е познат лик од подземјето и поранешен член на земунскиот клан. Маја Адровац е на слобода и официјално невина.

Извор: КУРИР

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа