Делови на Босна и Херцеговина од синоќа се зафатени со бура и силен ветер, кои предизвикаа голема материјална штета.

Од јачината на ветрот искорнати се дрвја, кровови на куќи и згради.

Се уште нема информации за повредени лица, а според податоците на Цивилната заштита на Република Српска, 318 објекти претрпеле материјална штета.

Пожарникарите имале 31 интервенција. Некои од населбите во Бања Лука останаа без струја.

Проблеми има и во Зеничко-добојскиот кантон на БиХ, каде што е урнато минарето на познатата Чаршиска џамија. Полицијата соопшти дека никој не е повреден при уривањето на минарето и додаде дека е причинета материјална штета на тој верски објект и на неколку други во близина.

Извор: КУРИР

Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа