Шефот на грчката дипломатија, на средбата со медијаторот, Метју Нимиц, го предложил името „Република ГорнаМакедонија” без англиска транскрипција, како прифатливо решение за спорот со името, објавија грчки медиуми.

„Ефимерида“ пишува дека од четирите предложени имиња од медијаторот Метју Нимиц Грција предлага кованица, во која зборот Македонија би бил споен со придавката горна.

Од петте предлози за ново име предложени од Нимиц, Грција најмногу била за Република Вардарска Македонија, а македонската страна за Република Нова Македонија, па како компромис излегло името Горна Македонија. Но, и на ова име, Грција го предложила името Република ГорнаМакедонија (споено и така да се изговара, за да се избегне посебниот изговор на Македонија), пишуваат грчките медиуми.

Според информациите на „Ефимерида“, грчко-македонскиот договор веќе е постигнат и двете земји се согласиле за сè, вклучувајќи ги и промената на Уставот и откажување од иредентистичките елементи во Уставот. Договорот, исто така, ќе ги опише детално економските и развојните односи на двете земји. Извори кои имаат познавање на случајот објаснуваат дека „ПЈРМ ќе стане еден вид кантон на Грција, со специфични развојни услови, економски и трговски“, пишува весникот.

До 20 март договорот за ова треба да биде депониран во ООН, тврдат изворите на весникот.

Ова, денеска би требало посредникот на ОН Метју Нимиц да им го соопшти на претставниците на македонскиот државен врв.

Нимиц денеска ќе се сретне со претседателот, Ѓорѓе Иванов, премиерот, Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Извор: КУРИР

Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа