
На трите македонско-грчки гранични премини, од грчката страна на границата, од утре од 07,00 часот, па се до среда наутро поради 48 часовен штрајк на грчките цариниски службеници, ќе биде целосно блокиран патниот сообраќај за сите товарни моторни возила.
МВР денеска соопшти дека врз основа на добиеното известување, односно најава од грчка страна, на граничниот премин Богородица, односно Евзони, ќе има и одреден застој во одвивањето на сообраќајот и за патничките моторни возила, поточно тие ќе се пропуштаат во одредени временски интервали.
Извор: курир.мк
