Антонио Васкес, познат како „Големиот волшебник“ на Мекиско, ги нарече огромна лага тврдењата дека оваа година ќе се случи крајот на светот според календарот на Маите.

Тој на својата вчерашна годишна прес-конференција изјави дека Маите никогаш не давале предвидувања за крајот на светот.
Познатиот „волшебник“, кој во последните 25 години редовно го шокираше светот со своите прогнози, исто така, предвидува дека американскиот претседател Барак Обама нема да успее да го освои вториот мандат на претстојните избори во ноември и дека уште двајца латиноамерикански претседатели ќе се разболат од рак. Тој нагласи дека магијата е причина за бранот од канцерогени заболувања кај јужноамериканските лидери.
Точноста на предвидувањата на „Големиот волшебник“ на Мексико, кои се засновани на гледање на тарот карти и набљудување на ѕвездите, според него се оценуваат на 75 до 80 проценти.
Минатата година тој предвиде ослабување на еврото и нов економски пад во развиените земји. Дел од неговите прогнози, како не пример смртта на Бритни Спирс и убиство на еден од латиноамериканските лидери, за среќа не се остварија.
Извор: курир
