
Во градовите Татуин и Матмати кои се наоѓаат во пустинскиот дел на Тунис, односно во Сахара, ноќта помеѓу неделата и понеделникот паднале неколку сантиметри снег. Двата града се познати ширум светот како локацијата за снимање на „Војна на ѕвездите“. Инаку, жителите на овој дел на Тунис последен пат виделе снег во 1962 година.

Ладното време кое го погоди Тунис, во северниот дел од земјата создало вистински хаос, а на места дебелината на снежните наноси изнесувала дури 80 сантиметри.
И.К | бркај работа
