gototop

Глобалниот медиумски магнат Руперт Мардок најави дека веројатно ќе ја поддржи шкотската независност, откако на социјалната мрежа Твитер напиша дека „треба да се остават Шкотланѓаните да си заминат од Велика Британија“.

Мардок: Шкотска треба да биде независна

Нека им се дозволи да се натпреваруваат и секој тогаш ќе победи, вели Мардок на Твитер.

Изјавата на основачот и сопственик на медиумскиот гигант „Њуз корпорејшн“, доаѓа по претходно дадениот опис на оваа социјална мрежа, дека шкотскиот прв министер Алекс Салмонд е „најбрилијантниот британски политичар“.

„Њуз корпорејшн“, преку британската компанија „Њуз интернешенел“ ги издава „Сан“, „Тајмс“ и „Сандеј тајмс“.

Во Шкотска, дневниот весник „Скотисш сан“ е убедливо најпопуларниот и најчитан весник. Ова гласило во текот на минатогодишните избори за шкотскиот Парламент го поддржуваше Салмонд, кој е лидер на сепаратистичката СНП партија, но весникот е против независноста на Шкотска и нејзиното отцепување од Велика Британија.

Портпаролот на Салмонд изјави дека секоја изјава околу иднината на Шкотска е добредојдена, па и оваа на Мардок. Според портпаролот, независна Шкотска ќе биде добро решение и за Англија. Таквото мислење не го дели тамошната либералдемократска партија, чиј претставник ја осуди изјавата на Руперт Мардок на Твитер. 

Извор: курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа