Единаесетгодишно девојче со пречки во развојот можеби ќе добие смртна казна поради палење на Куранот, што во Исламабад, Пакистан, се смета за богохулење.

zatvor.jpg500

Девојчето Рифта Масих, која припаѓа на христијанско семејство, уапсена е мината недела после големите демонстрации поради палењето на Куранот. Претседателот на Пакистан Асиф али Зардари и наложи на полицијата да спроведе детална истрага.

Британските медиуми јавуваат дека поради овој случај дошло до зголемување на верските тензии и дека околу 900 христијани, кои живеат во предградие на Исламабад речиси 20 години, морале да се иселат поради гневот на муслиманските соседи.

Еден од претставниците на локалната муслиманска заедница им порачал на христијанските соседи дека имаат рок до 1 септември да ги отстранат сите обележја од своите домови и да заминат.

- Мислам дека сега веќе никој нема да се осмели да се врати таму. Тоа подрачје веќе не е безбедно за нас, изјави еден од членовите на христијанската заедница Ариф Масих, пишува „Гардијан“.

Британските медиуми наведуваат дека не е точно утврдено што запалило девојчето, бидејќи некои тврдат дека запалила џепно издание на Куранот, додека други дека запалила страници од големото издание.

Локалниот муслимански клерик тврди дека друго девојче, муслиманка, го видела палењето и отишла во џамијата сите да ги информира, додека христијаните тврдат дека соседот муслиман го повикал девојчето и побарал од неа да го исфрли пепелот во кој веќе биле осквернавените страници на Куранот, пренесува „Блиц“.

Во муслиманската заедница тврдат и дека не е точно дека девојчето има Даунов синдром, туку дека е целосно здрава и бараат стриктно да се почитува законот, со кој строго се казнува навредувањето на исламот.

Извор: Курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа