Vip

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун ги предупреди сириските власти дека ќе сносат тешки последици ако употребиле хемиско оружје во близина на Дамаск, бидејќи тоа претставува злосторство против човештвото.

7FC500

-Секоја употреба на хемиско оружје, какво и да е кој да го користи, и под какви било услови, го крши меѓународното право. Такво злосторство против човештвото треба да има тешки последиции за тој што го направил тоа, предупреди Бан за време на неговата посета на Сеул.

Генералниот секретар на ОН ја задолжи својата висока претставничка за разоружување Ангела Кејн веднаш да отиде за Дамаск.

Реакцијата на Бан уследи по тврдењето на сириската опозиција дека во нападот од средата во близина на Дамаск е користено хемиско оружје, при што загинаа над илјада луѓе. Но, сириската Опсерваторија за човекови права, повикувајќи се на големата мрежа на активисти и лекари, посочи дека загинале 170 лица и оти не може да потврди дали е употребено хемиско оружје.

Извор: Курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila