Vip

Американскиот претседател Барак Обама нареди Пентагон да подготви проширена листа на потенцијални цели во Сирија, по анализи од разузнавачки служби дека воените трупи во таа држава извршиле разместување, објави Њујорк тајмс.

obama.jpg-500

Тоа ќе значи дека листата од првичните 50 цели сега ќе биде проширена, а се разгледува можност и за користење на военото воздухопловство, покрај испукување проектили Томахавк од носач на авиони.

Како можна опција се споменуваат и Б-52 бомбардери и Б-2 Стелт летала кои носат сателитски наведувани бомби.

Според весникот, нападот би бил насочен кон воени единици кои како што се наведува извршиле напади со хемиско оружје како и врз командни штабови кои раководеле со нападот.

Извор: Курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila