Vip

Во судирите со демонстрантите, турската полиција употреби солзавец и водени топови за растерување на учесниците на протестите организирани по повод смртта на 22-годишен демонстрант во Хатај.

ISTANUBIL NOVI SUDIRI.jpg-5

Најжестоките судир имало во јужните турски градови, но по неколку стотици лица се собрале и на протести во реони на Анкара и Истанбул.

Дирекрттен повод за овие протести беше смртта под засега неразјаснети околности на 22-годишниот Ахмет Аткан за време на протестите во јужниот турски град Хатај во ноќта меѓу понеделникот и вторникот.

Протестите во Хатај беа организирани против плановите на властите да изградат пат преку територијата на еден Универзитет во Анкара, за што е потребно да бидат исечени повеќе дрва. 

За време на протестите во Хатај Атакан со сериозни повреди бил пренесен во болница, каде набрзо им подлегнал на здобиените повреди.

Според негови пријатели, Аткан бил погоден во главата со граната со солзавец, а потоа и удрен од полициски транспортер,  додека полицијата тврди дека тој „загубил рамнотежа и паднал од трикатна зграда, додека се обидувал да украде сончев колектор“.

Аналитичарите не ја исклучуваат можниста новите демонстрации да прераснат во масовни протести како оние во јуни годинава, кои започнаа како еколошки собир против изградбата на трговски центар во паркот Гези во Истанбул, а прераснаа во масовни антивладини протести.

Извор: Курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila