Од 2 до 9 ноември во Летонија и Полска ќе се одржат воени вежби на НАТО - најголеми маневри на Алијансата во Источна Европа од 2006 година.

voenivezbi

Тоа на прес конференција го изјави командантот на НАТО за Европа американскиот генерал Филип Бријдлав.

- Во изминатите години се здобивме со вештини за мисиите против бунтовнички движења. Сега треба да ја одржиме готовноста за најсовремени операции, изјави генерал Бријдлав од комплексот на НАТО во Брунсум.

Со вежбите НАТО ќе се фокусира одново врз главната задача да ја заштитува сопствената територија завршувајќи ја мисијата во Авганистан. Според сценариото на вежбите „Стедфаст џез“, на маневрите силите на НАТО треба да одвратат агресор. Бријдлав негираше дека хипотетичкиот противник е Русија.

Извор: Курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа