Северна Кореја го спореди денеска јапонскиот премиер Шинѕо Абе со Хитлер, поради, како што тврди оваа комунистичка земја, неговите настојувања „да ја зголеми воената моќ под велот на грижата за регионалната стабилност“.

hhitler

Оваа критика е објавена во уредничкиот коментар на севернокорејската новинска агеција КЦНА, по извештајот на партискиот весник „Родонг шинмун“ минатиот месец, во кој Абе е опишан како „милитаристички манијак“ поради најавените измени на пацифистичкиот Устав на Јапонија, јави Танјуг.

Абе изјави минатиот месец дека Уставот на Јапонија донесен по Втората светска војна, а со кој  улогата на војската се ограничува на самооодбрана, би можел да претпри измени до 2020 година. 

Во коментарот на КЦНА, насловен како „Дали ова е раѓањето на азиски Хитлер?, се наведува дека Абе ги подгрева стравувањата од севернокорејските ракетни и нуклеарни закани, за да ја оправда јапонската воена експанзија.

- Нема разлика меѓу фашистичкиот манијак Хитлер, кој се борел против комунистите за да оправдаат поинаква војна и Абе, кој ја користи конфронтацијата со Северна Кореја за да се оправдаат новите милитаристички амбиции на Јапонија, се вели во коментарот.

Извор: Курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа