Хаосот кој ја опустоши Украина зад себе остави огромна штета, но никој не ни помислуваше дека нешто убаво ќе се роди среде киевското црнило.

lovekiev

Лидија Панкив е млада новинарка која се нашла среде хаосот во Киев заедно со својата пријателка, како дел од многумината кои протестираа против Јанукович.

Еден ден, додека стоела на плоштадот Мајдан со остатокот жени во живиот ѕид меѓу полицајците и демонстрантите, и се обратила една пријателка на која и требала помош, за да го пронајде пријателот кој полицијата го уапсила.

Лидија раскажува дека гласно и го кажала нејзиниот број на телефон, велејќи и да ја побара.

Но по кратко време добила СМС порака со содржина која воопшто не ја очекувала.

-Покрај целиот хаос, успеав да го запаметам твојот број кога и го даде на пријателката,  а не знам ниту како се викаш. Стоев во ноќта со штитот пред себе. Кога стоеше пред нас, знаев дека сакав да се оженам со тебе- напишал Андреј во пораката.

Лидија била изненадена од пораката и нешто во неа ја натерало да се состане со него. Таа вели дека не очекувала љубов, но тоа е токму она што се случило.

Веќе на вториот состанок знаела дека тој е вистинскиот за неа.

Оваа прекрасна љубовна приказна дава надеж дека и во најтемната ситуација, постои мала позитивна светлина која докажува дека ништо не е невозможно.

Извор: Курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

zeljko-samardzic-ohrid

milenium-baner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа