Американецот Хозе Пиментел, кој според информациите на американските власти подготвувал неколку терористички напади во Њујорк, беше осуден на 16 години затвор.

teroristsad

Пиментел можеше да биде осуден на доживотен затвор, но успеа да добие помала казна, откако во февруари се согласи на договор со Обвинителството и ја призна вината за подготовката на терористичките напади. 

Момчето, кое потекнува од Доминиканската Република, го привлече вниманието на американските специјални служби во 2009 година. Анонимен информатор им јавил на органите за заштита на безбедноста дека Пиментел, инспириран од исламистички идеи, планирал да постави мали експлозивни направи во банки и владини институции. 

Во 2011 година тој почнал да собира делови за изработување на бомбите и тогаш беше уапсен.

Тој не е поврзан со некоја терористичка организација и дејствувал самостојно.

Извор: Курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа