Мексиканските власти изјавија денеска дека го уапсиле најбараниот наркобос во земјата Сервандо Гомез, познат по прекарот Учителот.

nnnarkoboss

Апсењето на Гомес, кој е поранешен учител, е успех за претседателот Енрике Пења Нието во неговата борба со насилството на наркокартелите.

Четириесет и деветгодишниот наркобос беше главна цел на напорите на властите да ја возвратат контролата во државата Мичоакан, кој е арена на судири меѓу картелот „Витези темплари“ и тешко вооружените граѓански групи за поддршка на редот, кои се обидуваат да ги прогонат криминалците.

Полицијата соопшти дека го уапсила Гомез во престолнината на Мичоакан Морелија. Заедно со него биле уапсени уште луѓе. 

Извор: Курир

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа