Вчеравечер Брисел потона во мрак откако наеднаш снемало струја низ поголемиот дел од главниот белгиски град. Медиумите наведуваат дека биле потребни неколку часа за да се отстрани дефектот.

Според „Мирор“, прекинот на струја предизвикал страв меѓу граѓаните, кои веднаш помислиле дека се работи за терористички напад. Дополнително, причините за тоа зошто дошло до толкав курцшлус сѐ уште не се познати.

Струја снемало некаде пред 23 часот, а најпогодени биле северните делови на градот. „Дејли мејл“ додава дека дополнителна паника предизвикале и звуците на сирена кои одекнувале низ градот.

За отстранување на дефектот биле потребни повеќе од шест часа.

BR

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа