Инспириран од видео игра, тинејџер скокнал од 23 кат.

Инспириран од видео играта „Кредото на атентаторот“ (Assassin’s Creed) , едно 19-годишно момче од Москва скокнал од 23-от кат од својата зграда и настрадал, пишува рускиот портал „Лајф“.

„Скокот на вербата” е еден од највпечатливите моменти во оваа игра: Виртуелниот лик стои на врвот на зграда и со раширени раце се фрла од работ надолу. Приземјувањето (во играта) е врз стог сено.

Блиските на загинатиот Константин раскажуваат дека момчето практично било опседнато со играта. На неговата Фејсбук страница можат да се видат мноштво слики од ликовите на таа компјутерска игра и веројатно тој посакал да „го повтори“ подвигот на еден од своите виртуелни „херои“.

На местото на неговата трагедија, пронајдена е и проштална порака, во којашто момчето вели дека за тој потег се подготвувал подолго време.

banner-zdravoMladi

piratiteOdKaribiteMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа