Авганистанските сили за безбедност стрелаа во воздух за да ги растераат демонстрантите во Кабул, кои бараа оставка на Владата на претседателот Ашраф Гани, по нападот со камион-бомба, кој се случи оваа недела во главниот град.

kabul-demonstranti

Над илјада демонстранти се собраа во близина на местото на бомбашкиот напад извршен во средата, во кој загинаа околу сто лица, а 600 беа ранети.

Според нив Гани и раководителот на извршната власт Абдула Абдула ја сносат одговорноста за нападот.

– Гани! Абдула! Оставка! Оставка!, пишуваше на еден од транспарентите, кои се гледаше од прозорец од автомобил, на кој исто така беа залепени фотографии од деца, облеани со крв.

Демонстрантите исто така бараа егзекуција на затвореници од мрежата Хакани, поврзана со талибанците, која според разузнавачките служби стои зад нападот.

Откако некои од демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, силите за безбедност почнаа да стреелаат во воздух, за да ги спречат. Нема информации за жртви.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа