Vip

Осум лица загинаа при експлозија и последователен пожар во хемиска фабрика во источната кинеска провинција Шандун.

kina-eksplozija

Кинеските медиуми јавија дека несреќата била предизвикана од експлозија на резервоар со течен гас во зоната за товарење и истоварање во фабриката „Лини Зињу петрокемикал“ денеска околу пладне, по локално време.

Како резултат на експлозијата избил пожар, што зафатил неколку резерворари со гориво.

Сопственикот на фабриката е приведен, а повредените лица се хоспитализирани. Кинеските власти наведоа дека се повредени девет лица.

Пожарот во фабриката е изгаснат.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila