Високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Раад ал Хусеин ја обвини ИД дека убила 163 луѓе кои на 1 јуни се обиделе да побегнат од ирачкиот град Мосул.

zeid-raad-al-husein

- Бруталноста на ИД и на други терористички групи не знае за граници, изјави Зеид пред Советот на ОН за човекови права.

- Вчера бев известен дека тела на убиени мажи, жени и деца се уште има по улиците на квартот Шира во западниот дел од Мосул откако ИД уби 163 луѓе со цел да ги спречи да избегаат, истакна Зеид.

Тој додаде дека во квартот има и луѓе кои се во неизвесност. Според портпаролот на Зеид, ликвидирањето се случило на 1 јуни.

Извор: Курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа