Најмалку две лица се убиени во нападот на туристичкото одморалиште во претстолнината на Мали, Бамако, кое е популарно меѓу туристите од Западот.

Владините претставници соопштија дека ослободени се 20 заложници.

Министерот за безбедност рече дека нападот го извршиле џихадисти.

-Интервенираа специјалните сили на Мали и околу 20 заложници се ослободени, рече министерот, додавајќи дека според досегашните информации две лица се убиени.

Како што се наведува, една од жртвите има државјанство на Франција и Габон.

Извор: КУРИР

Претходно од оваа категорија:

milenium-baner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа