Прекин во електроснабдувањето, поплавени патишта и откажани летови, се последиците на силните бури што го погодија главниот град на сојузната американска држава Аризона, Феникс.

Најмалку девет лица, пет деца и четворица возрасни загинаа во поројниот дожд што го зафати националниот парк Тонто во Аризона, а 13-годишно момче се води како исчезнато. Четири други лица се спасени.

Поради невремето синоќа околу 6.000 домови останаа без електрична енергија, а поради надојдената вода делови од автопатиштата во Аризона беа затворени за сообраќај. Авионите кои требаше да слетаат на меѓународниот аеродром во Феникс беа пренасочувани за Мејс, Тусон и Лас Вегас.

Според метеоролозите и денеска се очекуваат нови бури.

Извор: КУРИР

zeljko-samardzic-ohrid

milenium-baner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа