Најмалку две лица се повредени кога автомобил влетал во група луѓе пред еден бар во шпанскиот град Хуелва што предизвика страв од тероризам по нападите во Барселона и Камбрилс, јавија шпанските медиуми.

Полицијата сепак соопшти дека причината за нападот најверојатно е семејна расправија.

Двајца мажи на возраст од 18 и 31 година се повредени во инцидентот за кој има видео снимка и на кој се гледа како околу црн автомобил на средина на улица се собрани група луѓе кои што фрлаат столови и други делови од мебел. Веднаш потоа возачот, кој подоцна е уапсен од полицијата, излегува од автомобилот и бега.

– Граѓаните претрпеа напади на паника, затоа што виделе како автомобил влегува меѓу луѓе, изјави во врска со нападот, советникот за безбедност на граѓаните во Хуелва, Енрике Гавин.

Извор: КУРИР

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа