Vip

Две лица се повредени за време на руско-белоруските воени вежби „Запад 2017“, што се одржуваат во западниот дел на Русија, откако руски хеликоптер по грешка истрелал ракета врз паркирани возила, објавија руски портали.

Порталот „66.ру њуз“ објави и видео на кое се глледаат два хеликоптери во низок лет, по што потоа едниот од нив истрелува ракета што експлодира во близина на група луѓе кои ги гледаат вежбите.

Порталот тврди дека при тоа се повредени две лица и се уништени две возила, додавајќи дека инцидентот се случил во неделата или задвчера.

Руската војска ја потврди веродостојноста на видеото, но демантираше дека несреќата се случила задвчера.

Војската не прецизираше кога се случил инцидентот и тврди дека никој не е повреден.

Американски медиуми пак јавија дека истото видео било објавено и на порталот „Фонтанка.ру“ и дека на него се гледа како хеликоптерот истрелал повеќе ракети врз воен камион прекриен со камуфлажна мрежа.

Извор: КУРИР

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila