Vip

За времен на кризата во Каталонија, шпанската влада би можела да го активира Членот 155 од Уставот на Шпанија, кој ја овластува владата да ги преземе сите мерки потребни да се зачува интегритетот на државата, што во Мадрид индиректно навестиле за следниот нивен чекор.

Членот 155 е најекстремна мерка која може да ја преземе шпанската влада, доколку еден автономен регион прогласи независност.

Во политичките кругови тој член го нарекуваат "нуклеарна опција", додека поранешниот министер за надворешни работи Хозе Мануел Гарсија го нарекол "атомска бомба".

Станува збор за екстремна мерка предвидена за екстремни ситуации. Таа мерка во Шпанија никогаш не била воведена.

Тој член предвидува дека на некој регион, во случај да ги загрози интересите на шпанската држава, може да му се одземат сите овластувања - и да се префрлат на централната влада во Мадрид. Доколку граѓаните на регионот се побунат поради тоа, владата во одбрана на интегритетот на државата во тој случај има право да примени "институционална сила".

Тоа би можело да значи дека судирот во Каталонија би можел да прерасне во граѓанска војна.

Шпанските сепаратисти зборуваат за можноста унилатерално да прогласат независност, повикувајќи се на мандатот кој го одбиле од околу 90 проценти од граѓаните кои гласале на спорниот референдум.

Шпанската влада се повикува на Уставот, според кој можа да се "почитува неделивоста на државата".

Кралот Фелипе најавил дека би можел да биде применет Членот 155.
- Задача на легитимните сили на земјата е да се погрижат за сочувување на уставниот поредок - рекол тој по референдумот, а премиерот Маријано Рахој ги предупредил каталонските сепаратисти да не ја принудуваат владата во Мадрид "да оди каде што не би сакала".

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila